Стојчевски: Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики за подобрување на здравствениот систем

Од:

Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите. Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата реакција и акција, изјави Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа на ЗНАМ во ИЕ 2.

– Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

Конкретни мерки од нашата програма се:

-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти
-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти
-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата
-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти
-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.
-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија.

Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование – рече Стојчевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни и го избраа својот нов претседател

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

Димитриевски: До овој момент немаме разговори за можни коалиции со било кој политички субјект

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он