Поврзете се со нас

АТП

Грен-слем победник ќе ја заврши кариерата на 30-годишна возраст

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Повредите знаат да бидат најголем непријател на спортистите, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува еден од најталентираните тенисери изминатата деценија.

Доминик Тим кој на 27-годишна возраст триумфираше на Ју-Ес Опен им најавил на спонзорите дека планира да ја заврши кариерата со настап на домашниот турнир во Виена.

Австриецот е еден од ретките тенисери кои во кариерата имаат победи над Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал, но сериозните повреди и нивното влијание на менталното здравје, го спречија неговиот понатамошен раст и не му дозволија да се врати онаму каде што заслужуваше да биде со потенцијалот кој го покажа.

Тим во кариерата освои 17 АТП титули, стигна до 3. место на АТП ранкингот, а сега не е ни во Топ 100.

Покрај триумфот на грен-слем турнирот во Њујорк, Тим играше финале и на Ролан Гарос и Аустралијан Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни