epa10408346 Rafael Nadal of Spain celebrates after winning his Men’s Singles 1st round match against Jack Draper of Great Britain on Day 1 of the 2023 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 16 January 2023 EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Тони Надал, вујкото на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, изјави дека повеќе не се осмелува да го советува својот поранешен ученик. Двајцата поминаа повеќе од две и пол децении заедно, но од 2017 година Тони нема никакво влијание врз одлуките на поранешниот светски тениски рекет број еден.

Тони Надал во интервју за „Марка“ изјави дека би било „непримерно“ да продолжи да го советува Рафа и тоа го спореди со ситуацијата во која во моментов ќе се најде тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

„Обично се гледаме многу. Многу работи се сменија затоа што не сме таму секојдневно. Имаме нормални семејни односи. Не е на мене да му давам совет, тоа би било несоодветно. Тоа би било исто како Жозе Мурињо од Рим, сега да им дава совети на играчите на Реал Мадрид“, вели Тони Надал.

Го прашале и на кој турнир Рафа може да се збогува со тенисот.

„Во Мадрид или на Ролан Гарос. Времето ќе покаже каде, а тој ќе донесе одлука. Кога ќе го освоите трофејот, се убедувате себеси дека сè уште имате што да дадете. Тешко е да се пензионирате кога победувате. Мислам дека само Сампрас го направи тоа. Не зборував за тоа со Рафа. Не знам колку му одговара. Ако целосно се опорави, нека игра и ќе видиме“.

Од друга страна, Рафаел Надал напорно работи во својата академија и се подготвува да се врати на теренот во турнирската сезона на неговата омилена подлога.

„Мислам дека сега е многу подобар, но не знам точно како е. Да не се лажеме, кога сака да се натпреварува, му требаат некои гаранции дека може да победи. Не верувам дека ќе излезе  да игра ако не изгледа подобро.Убеден сум дека се ќе биде во ред, многу е возбуден“, додаде Тони.

Без разлика на годините и огромниот успех, Рафа нема да биде задоволен од постигнатото.

“Тој е свесен дека за да биде во Топ 10, мора да игра постојано. Знаеше дека ќе отпадне  од Топ 10, но тоа не го загрижува премногу. Најважно е кога ќе излезе на теренот верува дека може да победи, свесен е дека секоја година е се потешко“.

Конечно, од Тони беше побарано да ги спореди Алкараз и Надал и да каже кои се фаворитите за освојување на титулата на Ролан Гарос.

„Ми се допаѓа самодовербата на Карлос, интензитетот на неговата игра. Тој е многу храбар и тука ме потсетува на Рафа. Ќе имаме голем шампион во годините што следат. Доколку Рафа дојде во Париз во најдобра состојба, тој ќе биде фаворит покрај Алкараз и Ѓоковиќ. Алкараз игра на високо ниво и е во фаза на подем. Ќе биде меѓу тројцата фаворити, заклучи Тони Надал.