Недела е ден за брзо возење – казнети 646 возачи

Полицијата во текот на вчерашниот ден санкционира 646 возачи за брзо возење на македонските патишта.

Како што информираат од МВР, 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, информираат од МВР.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави