ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија

Од:

Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попусливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и веднењето кичма на СДС. Владата исполни се што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен след доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму се друго што ќе побараат ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна. Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји. Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се, и што им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој тоа ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла. Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и кажаа дека ќе почекаат до 4ти февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти? Ковачевски, Османи и Пендаровски со нивното килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт ја понижуваат Македонија се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени