Американскиот кошаркар Грејсон Ален, денеска потпиша четиригодишен договор со Феникс Санс, објави „специјалистот“ за НБА, Адријан Војнаровски.
Санси така ја продолжија соработката со еден од своите најважни играчи, околу кого ќе го градат тимот во следниот период. Ален во минатиод договор заработуваше 8,5 милиони долари, а според новиот ќе заработува нешто повеќе од 17 милиони.
Пред Феникс, бекот играше за Милвоки, а оваа сезона имаше просек од 13,5 поени, и 3,9 скока и 3 асистенции по меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА