Реакции за злоупотреба на деца во кампањата на СДСМ

Реакции за злоупотреба на деца во кампањата на СДСМ

СДСМ злоупотребува деца за политички цели и покрај предупредувањата од АВМУ, политичките партии и претседателските кандидати да не лиферуваат  спотови во кои има малолетници. Сепак во последните неколку денови на социјалните мрежи  се врти видео платено од СДСМ и коалицијата во кое учествуваат деца.  Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ порачуваат дека младите помали од 18 години не смеаат да се злоупотребуваат во предизборна кампања. Посочуваат дека вклучувањето на децата во политичка кампања е спротивно на Конвенцијата за правата на децата, според која, тие треба да бидат заштитени од сите видови на злоупотреби и манипулации и апелираат медиумите да одбиваат емитување на платени политички пораки доколку во нив се врши злоупотреба на децата за политички и партиски цели.

Познавачите велат дека грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание и грижа за отстранување на изворите на ризици и дека се останато претставува нивна злоупотреба и повредување на нивните права.

Инаку пред десетина Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелираше до радиодифузерите да престанат да ги емитуваат спотовите на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи, каде се појавуваат малолетници, а од учесниците во изборната кампања побара  да ја усогласат содржината на платеното политичко рекламирање со законска регулатива.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста