Breaking News

Шефот на летонската дипломатија, Карниш поднесе оставка


– Министер за надворешни работи на Летонија, Кришанис Каринш денеска најави дека на 10 април ќе се повлече од функцијата.


Тој поднесе оставка по одлуката на летонскиот јавен обвинител да отвори истрага за трошоците за патување со авион на Каринш, вклучително и користење на приватни авиони за време на неговиот мандат како премиер.


Неговите патувања беа финансирани од државниот буџет и од буџетот на Европска Унија, а трошоците за нив се најголеми во споредба со оние на другите земји-членки на ЕУ.  ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА