Конференција за активно граѓанство „КритикУМ“

На 26 јануари од 11:00 до 15:30 часот во Јавна соба во Скопје, ќе се одржи националната конференција за активно граѓанство „КритикУМ“.

Конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“ претставува простор којшто ги обединува граѓанските активист(к)и, младите, луѓето коишто се загрижени за состојбите во државата, независните уметници, едукатор(к)и, но и воопшто граѓаните што имаат некаков порив за промена.


Првото издание на конференцијата „КритикУМ“ ќе биде отворено со перформансот „Ритамот на нашиот отпор“. Овој перформанс претставува комбинација на музика, танц и социјално ангажиран текст. Триото составено од Бисера Ѓуровска, Никола Игновски и Ива Георгива ќе донесе неколку позначајни протестни говори од поновата историја во нашата држава низ движење, танц и читање на протестни говори.

Првиот тематски панел „Менување на локалните заедници преку грасрут активизам“ ќе отвори дискусија за вклученоста на локалните граѓански активистки во менувањето на своите заедници преку заедничарење, солидарност, вмрежување и меѓусебна поддршка.


Вториот панел „Ослободување на заробеното: Како граѓаните да си ги вратат јавните простори?“ ќе ги истражи начините на коишто активисти и граѓани дејствуваат кон ослободување на јавниот простор и давање на некаква друга, похумана и граѓанска димензија на простори коишто треба да им припаѓаат на граѓаните.

На конференцијата ќе биде промовиран и прирачникот за активно граѓанство што го издава Здружението за едукативен развој Еквалис. Авторка на прирачникот е м-р Сара Миленковска. Прирачникот за активно граѓанство го креиравме со цел да им помогне на идните граѓански и младински активисти и активистки во опремување со вештини и промислување на пристапите кон дејствување за општествено горливите проблеми.


Агенда:
10:45-11:00- Регистрација на учесници/чки
11:00-11:15- Отворање на конференцијата
11:15- 11:30- Презентација на прирачникот за активно граѓанство
11:30- 12:00- Перформанс „Ритамот на нашиот отпор“ – Танцов перформанс на Никола Игновски и Ива Георгиева со протестни говори од Елена Данова, Џејлан Велиу и Евгенија Јанакиеска, во изведба на Бисера Ѓуровска
12:00-13:00- Панел 1„Менување на локалните заедници преку грасрут активизам“
Говорници/чки:
-Сара Миленковска- граѓанска иницијатива „Сподели Авторка“
-Алмира Фасљии Муарем- граѓанска активистка за правата на Ромите
-Бојан Станиќ- Битолска културна иницијатива „Пондер“/ Дебатно кино „Контра Кадар“
-Андреј Чагoрски- Младинска иницијатива на Еквалис „Бесплатен оброк за секој ученик“
Модератор: Ангел Димитриевски, Здружение за едукативен развој Еквалис
13:00-13:30- Кафе пауза
13:30- 14:30- Панел 2 „Ослободување на заробеното: Како граѓаните да си ги вратат јавните
простори“
Говорници/чки:
-Галена Јовановска- младинска активистка, неформално движење „Сите за МКЦ“
-Зорица Здравковиќ- претставничка на Социо културен простор Тетово, Social Cultural Space Tetova
-Јована Стефановска- Граѓанска иницијатива „Борба за Влае“
-Александар Шалевиќ- програма за креативни активистички интервенции на Еквалис
Модераторка: Надица Банишка, Здружение за едукативен развој Еквалис
14:30-15:30- Ручек и вмрежување

 

Конференцијата ја организира Здружението за едукативен разовј Еквалис, а е поддржана од Националниот фонд за демократија (NED).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …