Официјално: Дончиќ и Јокиќ номинирани за НБА МВП

НБА лигата и официјално ги номинираше Никола Јокиќ и Лука Дончиќ заедно со Шеј Гилџиус-Александер како кандидати за освојување на наградата за најкорисен играч на регуларниот дел од сезоната.

Без разлика дали наградата ќе им припадне на српскиот или словенечкиот ас на Денвер и Далас или пак на канадската ѕвезда на Оклахома тоа ќе ја продолжи низата на МВП награди кои завршуваат во рацете на кошаркари кои не се од Соединетите американски држави шестта година по ред.

Истата започна од сезоната 2018/19 кога МВП наградата ја освои Јанис Адетокумпо. Грчкиот ас ја освои наградата и во сезоната 2019/20, а по него две освои и Никола Јокиќ. Актуелен најкорисен играч е камерунскиот центар Џоел Ембид.

Во категоријата за најдобар тренер се номинирани: Марк Дењо од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо, додека за најдобар „руки“ се натпреваруваат: Виктор Вембанјама од Сан Антонио, Чет Холмгрен од Оклахома и Брендон Милер од Шарлот.

Се вчитува...