ВЕСТИСВЕТ

Гутереш: Советот за безбедност на ОН не одговори на војните во Украина и во Појасот Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека тие два конфликта „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност, пренесува Ројтерс.

„Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и израелските воени операции во Газа по ужасните терористички напади на Хамас на 7 октомври сериозно, можеби фатално, го поткопа нашиот авторитет“, рече Гутереш за време на неговото обраќање пред Советот во Женева.

„На Советот му треба сериозна реформа на неговиот состав и методи на работа“, додаде тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button