Клубовите победија: Шведска отфрли воведување на ВАР

Шведската елитна лига нема да воведе систем на видео анализа (ВАР) во своето првенство, откако фудбалските клубови изразиле противење на оваа технологија.

И покрај тоа што многу првенства го воведуваат или веќе го воведоа овој систем, Шведска е засега единствената која не сака воведување на ВАР во нивното првенство.

ВАР и натаму е под контроверзии пред се поради грешките. Шведската федерација беше во процедура да го воведе системот во првенството, но после противењето од клубовите, се сопре целата постапка.

„Ако добро пресметав, 18 клуба не сакаа воведување на ВАР. Ние тоа го цениме, и затоа не изнесовме никаков предлог за ВАР на претходниот состанок. Се залагам за демократски правила на играта“, рече претседателот на шведскиот фудбалски сојуз Фредрик Рејнфелд, кој минатата година кажа дека ВАР е иднината на фудбалот.

Се вчитува...