Пред повеќе од една година еден татко одлучил јавно да им се обрати на своите возрасни деца. И тоа писмо го испратил до „Политика“. Можеби ќе ве потсети да се јавите и да ги посетите родителите. А можеби тоа ќе ве однесе неколку децении во иднината и ќе ве натера да размислите: Што да правам за моите деца утре да сакаат да си дојдат дома?

Писмото од овој татко Љубомир го пренесуваме во целост.

„Каде сте? До каде стигнавте?

Чекам. И досега доаѓавте од далеку и благодарен сум ви. Повторно чекам да застанете. Накратко. Секогаш брзате. Треба да се одморите. И да се видиме.

Да се прегрнеме.

Вие чувствувате, вие знаете дека сонцето на вашиот татко заоѓа. Дека неговата светлина се гасне. Дека темнината се приближува. Затоа што јас, поради длабока старост, очекувам да одам во вечен сон. Време ми е.

Затоа ви се обраќам, синови мои. Родени од мене и од вашата мајка, од нашата крв, дух и душа. Никогаш не заборавајте го тоа. Додека живеете.

Синови. Вие овде, каде што сега живеам, поминувате. Немојте да поминете без да ме посетите. Знам, брзате да го прегрнете семејството. Ако, така треба.

Но, синови, вие со часови возите и брзате. Не застанувате. Поминувајте покрај вашиот татко. Застанете. Да ме видите за миг и да ме прегрнете. Да ми подарите насмевка, да ми ја разубавите старата душа. И да се одморите.

Синови, застанете и овој пат. Се зажелив за вас. А јас сум сам.

Вашата сакана мајка, мојата сопруга, замина рано. Замина и никогаш не се врати. Отиде во вечен одмор. Останавме ние да тагуваме. Постојано на ум ми се вашите зборови упатени кон мене, дека не вреди да плачам, ниту солзи да ронам, затоа што не можам да ја вратам од вечниот сон.

Синови, застанете да се видиме, да се поздравиме и прегрнеме.

Застанете. Ве чека вашиот неутешен татко Љубомир“.

Љубомир Јовиќ

Извор



912

X