19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен

ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен и најави ново зголемување на стапката во март.

Зад ова значително зголемување на каматните стапки стои целта на ЕЦБ да ја спречи високата инфлација во време кога европската економија забавува, а американската централна банка го намалува темпото на зголемување на каматните стапки, пренесува АП.

Американската агенција наведува дека Централната банка на ЕУ се одлучила на овој потег со цел да се справи со скоковите на цените кои малку забавија, но сепак имаат негативно влијание врз домаќинствата во 20-те земји кои го користат еврото.

ЕЦБ почна да ги зголемува стапките во јули, четири месеци откако тоа го направи ФЕД. Во јули, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени за прв пат по 11 години, со што една од клучните стапки достигна нула проценти по осум години на негативна територија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП