Press "Enter" to skip to content

Утре во третиот натпревар од плеј-офот “битка“ и на трибините, “Центар сити бојс“ доаѓаат во Битола

Утре во Битола по еднонеделна пауза продолжуваат кошаркарските натпреварите во  полуфиналната серија на плеј-офот меѓу Пелистер и Работнички. По двата натпревари во Скопје следуваат  два натпревари во Битола, кои можат да го одредат финалистот. Ако Пелистер забележи две победи ќе биде финалист. 

Сега по два натпревари резултатот е израмнет, со тоа што битолчани имаат “брејк“ на теренот на противникот. На “брејк“ натпреварот “пелистерци“ имаа поддршка од трибините во “Кале“, а утре иста таква поддршка ќе има и Работнички.  

Покрај „Чкембарите“ и љубителите на кошарката во Битола ќе пристигнат и приврзаниците на Работнички. Имено, клубот од Центар најави поддршка во Битола.

Иако барањето пристигна по истекот на рокот кој го налагаат ваков тип натпревари, КК Пелистер им излезе во пресрет на ривалите и издејствува можност во салата да бидат и навивачката група “Центар сити бојс“.

Денес КК Пелистер ги пушти билетите во претпродажба и се очекува исполнета сала „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Третиот натпревар од серијата се игра во петок во 18:30 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »