Црна хроника
Приведен бегалец од затвор
Синоќа, во 21.30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х. Б. (48) од Велес, кој бил баран од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ – Отворено одделение Велес поради бегство од установата.
Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х. Б. не се вратил во установата и по преземените мерки, по два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода.
При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашеста материја и пари. Исто така, неговата 43-годишна сопруга пријавила дека околу 20 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.