Доволно да се создаде паника и хаос:Лажни дојави за бомби во повеќе градови во Хрватска

51
Проверките на пиротехничарите покажале дека се лажни денешните дојави за експлозивни направи во судски згради и трговски центри во повеќе градови во Хрватска, соопшти полицијата.

Сите 20 полициски оддели во Хрватска беа опфатени со анонимни информации, вклучително и во Загреб, Сплит, Риека и Осиек.

 

Во меѓувреме, десетина полициски одделенија соопштија дека било констатирано дека пријавите се лажни, а во други проверките уште траат.

Дојава стигнала и до Врховниот суд на Хрватска, чиј претседател Радован Доброниќ изјави за N1 дека во моментот на известувањето во тек е средба со делегација на Врховниот суд на Украина. Доброниќ додаде дека му се чини дека пријавите биле „намерни во тој момент“.