Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Физичката подготовка нема да решава против Сити, клучно ќе биде нешто друго

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Мајорка и го продолжи шампионскиот пат во домашното првенство, но избраниците на Карло Анчелоти брзо мора да се фокусираат на најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната.

По возбудливите 3:3 на „Сантијаго Бернабеу“, Реал во среда ќе му гостува на Манчестер Сити на „Итихад“, стадион кој носи лоши спомени за „кралевите“ од минатата година.

Реал загуби 4:0 и доживеа елиминација од тимот кој подоцна стана европски шампион, но Анчелоти не се стравува од слично сценарио и верува во своите играчи кои играат со голема самодоверба цела сезона.

Искусниот Италијанец смета дека физичката подготовка нема да биде решавачка за битката во Манчестер, на која очекува да решаваат нијанси и посветеноста на самите играчи.

– Добри сме на физички план и одиме во Манчестер со голема самодоверба. Нема да решава физичката подготовка, ќе победи оној кој ќе покаже повеќе желба и посветеност на теренот, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни