Промо тв Серии

КОГА ПРАШИНАТА ЌЕ СЛЕГНЕ

Навидум, обичен ден во Копенхаген. Отворање на нов ресторант, сè мора да биде совршено, врвулица од гости, убава храна и добро расположение. Одненадеж се случува ужас. Маскирани убијци кои пукаат на гостите. Терористички напад кој нераскинливо ја поврзува судбината на присутните.

Серија ги следи животите на осум граѓани на Копенхаген непосредно пред трагичниот терористички напад во градот. Како што приказните за овие многу различни луѓе се испреплетуваат во текот на сезоната, станува очигледно дека нивните животи и судбини се поврзани на неочекуван начин.

Николај треба да го преземе ресторанот во кој работи како готвач. Џамал ​​се обидува да го положи возачки испит и да ги исполни желбите на своето семејство. Лиза, позната шведска пејачка, треба да започне нов живот со своето момче Филип од Данска. Холгер, осамен пензионер, се обидува да си го одземе животот.

 

Елизабета, данската министерка за одбрана, не може да одлучи дали да ја напушти работата и да ја помине својата пензија со својата партнерка или да остане во политиката што толку многу ја сака.

 

Мортен е средовечен водоводџија кој се обидува да го извлече својот син тинејџер од пеколот на дрога. Осумгодишното девојче Мари наоѓа куршум во шумата, а бездомничката Џинџер, не знаејќи ќе стане важен сведок. Во текот на три недели, животот на овие осум луѓе драстично ќе се промени и тие ќе се најдат во ситуација да ги преиспитаат своите животи и сите одлуки што ги донеле.

На крајот основното прашање, кој стои позади убиствата и зошто.

Праказна за расната и верска нетрпеливост, за различните убедувања, сексуалната оринетација и дискриминација во современото данско опшество.

Одличен дански психолошки трилер, со првокласна глума. Номиниран за шест награди на филмските церемонии во Данска и Шведска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАПТИСТ- сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе