Вести Македонија Најважни

Поплавени простории на третиот кат, вода се слеала до подрумот – пукнала цевка од парното на Токсикологија

Синоќа пукналa цевка од парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и час и половина избивала вода од радијатор. Се поплавиле простории на третиот кат, но водата се слевала и надолу, се до подрумот, потврдија за Телма извори од клиниката.

Претходно, вработени, преку допис до медиумите, информираа дека клиниката не е осигурана. Ова се само дел од проблемите за кои алармираа вработените, а на прес-конфернција кажаа и дека организационата директорка Бесија Иљази притиска 18 луѓе да се вработат на Клиниката за токсикологија, иако за нив нема реална потреба.

Министерот за здравство кажа дека на овие вработени ќе им биде продолжен договорот, а по завршување на законските процедури ќе биде разрешен медицинскиот директор Данил Петровски.

Иљази се реши да излезе на прес конференција за да даде одговори на обвинувањата на дел од лекарите, но ја одржа само на албански јазик. Таа е назначена за организационен директор на Клиниката за токсикологија на ден пред формирањето на техничката влада, а на работа оди со преведувачка.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе