Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин го осуди атентатот на премиерот на Словачка: Пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка и желби за брзо и целосно закрепнување
Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграма до претседателката на Словачка и го осуди атентатот на премиерот на Словачка, Роберт Фицo.
Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо нема оправдување, тоа е грозоморно злосторство, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата што и ја испратил на својата словенечка колешка Зузана Чапутова, тој изразил и желба за опоравување на Фицо, пренесува ТАСС.
„Со огорченост дознав за обидот за убиство на Роберт Фицо, премиерот на Словачка, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, напиша Путин во својата телеграма на веб-страницата на Кремљ и додаде:
„Го познавам Роберт Фицо како храбар и подготвен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација“, се обрати рускиот лидер и продолжи: „Ве молам пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка, исто така и желбите за брзо и целосно закрепнување“.
Регион
Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка
Во Злот денеска починала Светлана Драгичевиќ, мајката на Дејан Драгичевиќ ненадејно починала, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава порталот Нова.рс.
Светлана во април го погреба својот син Далибор, кој беше осомничен дека го криел телото на малата Данка, а почина во полицијата на Бор на распит, поради што Секторот за внатрешна контрола (СУК) го истражува случајот.
Светлана даде изјава дека не знае ништо за убиството на малата Данка и доби статус на привилегиран сведок.
Дејан Драгичевиќ и Срѓан Јанковиќ се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, по што ја внеле во автомобил и се упатиле на непозната локација. Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.
Тие се во притвор, како и таткото на Д.Д., кој е осомничен дека помогнал да се премести телото на девојчето од една на друга локација.
Обвинителството претходно соопшти дека Дејан Драгичевиќ го признал делото, додека Јанковиќ се бранел молчејќи.
Свет
Блинкен: Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели
Украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел „во следните недели“ да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден за време на потпишувањето на билатералниот безбедносен договор, изјави во Киев американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
За време на заедничкиот прес-брифинг со украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, Блинкен рече дека условите на билатералниот договор се „речиси одобрени“, а Кулеба додаде дека е воспоставен „дијалог на доверба“ меѓу Зеленски и Бајден, пренесува Киев Индипендент.
Шефот на украинската дипломатија изрази надеж дека двајцата лидери ќе имаат можност да разговараат за неопходните прашања и да потпишат договор, но не откри можен датум за средбата меѓу двајцата претседатели.