Лига на шампиони
Дали навивачите на Сити му пресудија на својот тим? Моментот кој влијаеше во пенал серијата (ВИДЕО)
Манчестер Сити останува без трофејот во Лигата на шампионите, натпреварување во кое доживеа елиминација во четвртфиналната фаза од Реал Мадрид и тоа по ударите од 11 метри.
Сити не го искористи домашниот терен, доминацијата која ја имаше, па кога се дојде до пенали шансите беа 50/50, односно Реал подобро се избори со притисокот и се избори за полуфинале во кое ќе излезе на мегдан со Баерн Минхен.
Елиминацијата на „граѓаните“ дефинитивно е предмет на анализа на англиската јавност, а во првичните коментари се дава важност на една ситуација од пенал серијата. Се работи за моментот по промашениот пенал на Модриќ по кој Хрватот го упати топката во публика.
Потоа долго време се чекаше топката да се врати по што следуваше катастрофалниот пенал на Силва. Според Лескот и Фердинанд големо влијание за вака изведениот пенал имало паузата што во случајот значи за тоа се виновни домашните навивачи.
-Тоа го исфрли од ритам. Рутина, техника. Помина долго време, почнувате да размислувате, изјави Џолеон Лескот.
-Срамота е, домашните навивачи беа тие кои го одложија тој пенал, што е штета“, изјави Фердинанд.
-
Лига на шампионипред 16 часа
Поранешен премиерлигашки голман: Нојер погреши при првиот гол на Реал (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Тухел го остави на клупа фудбалерот за кого најави дека ќе постигне гол против Реал
-
Лига на шампионипред 8 часа
Тухел го впери прстот кон виновникот за двата примени гола и заклучи: Го почувствуваме Реал на своја кожа!
-
Шпанијапред 19 часа
Арда откри зошто го избрал Реал пред Барселона
-
НБАпред 24 часа
Херојот Мареј го постеризираше Леброн, па порача: Забавно е да се победува Џејмс (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Независниот панел потврди: Нотингем бил оштетен за пенал во дуелот со Евертон
-
Европски првенствапред 21 час
Белгискиот селектор потврдил дека Куртоа нема да настапи на ЕП
-
Лига на шампионипред 8 часа
Неверојатно прецизна прогноза: Стариџ ги погоди најважните моменти за Баерн на пресметката со Реал (ФОТО)