Мерката „ефективен притвор“ е заменета со домашен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиjев, како и за поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев
Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски
„Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор.
За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор.
За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, Основното јавно обвинителство Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор,“ информираа од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор
Каков имот пријавил Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор
Фото: Unsplash