Ракометарите на Монпелје издвојуваа убедлива победа над Кил од 39:30, на првата средба од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, со што се на чекор до пласман на Ф4-завршницата во Келн. Одлично издание на голот на Монпелје имаше голманот Десбоне со 16 одбрани, додека Пелас и Лен запишаа по седум погодоци.

Кјелце, пак, го доби Магдебург во првото соочување, на домашен терен, со минимални 27:26, па на реваншот во Германија, закажан за 1 мај, отворени се сите карти за пласман понатаму.