Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од 25.01.2023 година, Сашо Недески, професор по математика, е реизбран за директор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, информираат од училиштето.

Недески успешно ја извршува функцијата долги години. Електромашинскиот училишен центар изминатите години бележи голем развој, постојано се модернизира и се подобруваат условите и квалитетот на образованието.

Дополнително е дел од системот на дуално образование што на учениците им овозможува драгоцено практично искуство во технолошки напредни компании како што се Костал, ОДВ Електрик, ЛТХ, Магна, АСП ПАК.

OhridNews