Николоски очекува над 55 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во следниот собраниски состав

од Nikola Popovski

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски очекува одличен резултат за неговата партија на претстојните парламентарни избори. Според него, сегашната опозиција ќе освои над 55 пратенички места.

-Веќе на недела, две, три можете да ја видите разликата и ако продолжи овој бран, а мислам дека ќе продолжи, ќе имаме убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила на избори и ако на пример до пред некоја недела бројките беа 53, 54, 55 пратеници, сега можам да кажам дека се 55-56 пратеници, а ништо чудно да одат и нагоре, истакна синоќа Николоски во емисијата “Клик Плус“.

Во однос на претседателските избори, Николоски смета дека во вториот круг да влезат повторно Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски и дека, како што вели, убедливо ќе слави Силјановска-Давкова.

-Мислам дека е подобро што Пендаровски повторно се кандидираше за претседател да види што мисли народот за него. Ќе беше многу кукавички да избегаше и да се сокриеше, а вака ќе види што мислат за него. Само јас се надевам дека ќе го исполни ветувањето кое го даде, а тоа е дека кога ќе заврши со функцијата претседател, дека нема да бара привилегии кои му следуваат на секој претседател. Ете, тоа е едно ветување кое го даде, па да видиме дали ќе го исполни, кажа пратеникот.

 

Слични содржини