Следете не

Временска прогноза

Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица

Објавено пред

на

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега, и тоа поради продорот на постудена воздушна маса од север. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, особено од вторник па во деновите потоа.

На планините над 1600 –  1700 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Особено од средината на седмицата снежната граница ќе се спушта, со што провејување на снег би можело да има и на повисоките населени места низ државава. 

Врнежите кои се очекуваат ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Температурите позначително ќе се намалат, и наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а локално и под нулата. Максималните дневни температури на воздухот исто така ќе бидат значително пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.

Во Скопје исто така очекуваме локален дожд во новата седмица и значително постудено време.

На околните планини повремено ќе има услови за провејување на снег, наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -2 до 3 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, за Порта пишува нашиот метеоролог и еден од најдобрите во Македонија, Славчо Попоски

Временска прогноза

Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање

Објавено пред

на

Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 минути

Хороскоп за петок (17 мај)

ОВЕН Денес, за Овенот, љубовта го придвижува светот. Сите околу вас се чини дека се во некоја голема љубов. Може...

Автомобили4 часа

VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија

Конечно по извесно време најновото издание на Golf GTI во најава, истакна првиот човек на Volkswagen, Томас Шефер, а моделот...

Спорт4 часа

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (16 мај)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Спорт1 ден

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин1 ден

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет1 ден

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин1 ден

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија2 дена

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

НАЈЧИТАНИ