Кошаркарите на Соколи го победија Маџари и се изборија за „мајсторка“

По комплетирањето на вториот круг од четвртфиналето познати се три екипи кои обезбедија место во полуфиналето тоа се фаворитите Куманово и Шкупи, како и Ангели, сега останува борбата меѓу Маџари и Соколи од Штип.

Штипските кошаркарки стигнаа од изненадувачки убедлив тирумф против фаворитот Маџари. На домашен терен во салата „Јордан Мијалов“ кошаркарите на Соколи со 87:72 забележаа триумф и обезбедија „мајсторка“ преку која ќе се води борба во Скопје за тоа која екипа ќе патува во полуфиналето.

Митев реализираше 18 поени, а по 15 поени за Соколи имаа Коцев и Мирков, за Маџари Настовски даде 17 поени, а Блажевски имаше 11 поени.

Третиот меч меѓу овие екипи ќе се одигра утре во Скопје со почеток од 19:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет