9.8 C
Скопје
21:16 - 25 април, 2024

Полицијата во домот на Ријана: Непознат маж сакал да ја ожени

Иако многу ѕвезди ја зголемија безбедноста за да спречат ситуации како упади на приватен имот, обожавателот на Ријана се обиде да се прикраде и да ја запроси пејачката.

Популарната пејачка Ријана (35) повикала полиција откако непознат маж влегол на нејзиниот имот за да ја побара за жена.

Во четвртокот, портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди за Пејџ Сикс дека го уапсиле мажот на нејзината адреса на Беверли Хилс околу 12.30 часот поради неовластено влегување на туѓ имот.

Човекот пропатувал долго до домот на пејачката само за да ја запроси, но ар-ен-би ѕвездата, за среќа, има безбедносни аларми и полицијата брзо интервенирала, пренесува TMZ.

 

Екипата на Ријана веднаш повикала полиција, а мажот кој бил облечен во светло-црвен дуксер со качулка, бил приведен со лисици. По испрашувањето во полиција, бил ослободен.

Не се знае дали Ријана била дома.

Ова не е првпат пејачката да се соочи со неповикани посетители. Во 2018 година, непознат човек по име Едуардо Леон беше уапсен откако упаднал во домот на пејачката во Холивуд Хилс и таму ја чекал повеќе од 12 часа. За среќа, Ријана во тоа време била надвор од градот и нејзиниот асистент на крајот го открил Леон како се крие.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....