Top Sport

Барселона на крајот на месецот одлучува за новиот тренер

Навивачите на Барселона со нетрпение чекаат да дознаат кој ќе го води тимот од клупата следната сезона.

Чави Ернандез одамна објави дека заминува на лето, а спортскиот директор Деко и претседателот Џоан Лапорта активно бараат нов тренер.

Клубот во изминатите недели ги дефинираше стратегијата и критериумите кои ќе се бараат при изборот на нов менаџер.

Иако има многу кои тврдат дека некој од германските стручњаци би можел да седне на клупата на Барселона, особено Јулијан Нагелсман, Ханси Флик или Томас Тухел, од клубот не го потврдија тоа.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека менаџерите на некои тренери во последните недели им нудат на своите клиенти, но во Барселона не сакале да брзаат.

Затоа се очекува Деко и Лапорта заеднички да донесат одлука.

Она што е сигурно е дека најголема активност на овој план ќе има на претстојната меѓународна пауза кога играат репрезентациите.

Одлуката за тоа кој ќе биде нов тренер на Барселона најверојатно ќе биде донесена до крајот на месецот, односно во следните три недели.

Scroll to Top