Приведени крадци од Скопје

министерство за внатрешни работи
Фото: МИА/Фросина Насковиќ

По преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле Џ.М.(18) и Д.М.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј „Димитар Влахов” во Скопје извршиле разбојничка кражба врз С.Б.(26) и му одзеле пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По лишувањето од слобода, како што информираат од МВР, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело.

По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од Кривичниот законик, потенцираат од МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот