Лоша вест за Германија: Ѕвездата на Баерн го пропушта ЕВРО 2024?

Германија како домаќин на престојното европско првенство 2024, има големи амбиции да стигне до финалето на ова натпреварување, па и пред своите навивачи да го освои. Меѓутоа „елфот“ би можел да остане без еден од најдобрите играчи.

Крилниот фудбалер Серж Гнабри, доживеа повреда на мечот со Реал Мадрид на реваншот во полуфиналето на Лигата на шампионите и предвреме го напушти теренот.

Баерн Минхен денеска објави дека Гнабри ќе отсуствува до крајот на сезоната, но нема информации дали ќе може да се стави на располагање на Нагелсман на подготовките на Германија за ЕВРО 2024.

Неговото отсуство би можело да биде голем хендикеп за Германците, иако во оваа сезона Гнабри долго се мачеше со повредите.

Се вчитува...