Излезноста до 9 часот на претседателските избори е 4,33 проценти. Ова се податоци од 100 проценти обработени избирачки места според пресекот објавен на официјалната страница на Државната изборна комисија.
Излезноста на параламентарите избори до 9 часот е 4,67 отсто. Овој процент е според податоците од сите избирачките места.
83.193 гласачи излегле до 9 часот на паралментарните, а 77.288 избирачи гласале на претседателските избори. Најголем одзив на паралментарните избори засега има во Изборната единица 3 со 6,42 проценти, а најамал во Изборната единица 6 каде излезноста е 2,62 проценти.
Претходно, на прес конференција од ДИК информираа дека на неколку избирачки места имало проблеми со нефункционални фингерпринт апарати.