Зошто компаниите и корпорациите ве трујат? Затоа што можат!

Обичниот граѓанин е навикнат да им верува на компаниите. Најпосле, тие работат за нас, нели? Ако некој е крив, тоа е „државата“. Но, во многу случаи, токму приватните компании се тие кои работат за сопствениот профит, а цената е загадена околина и здравјето на луѓето. И тоа не само кај нас.

Во САД компанијата PG&E, Pacific Gas and Electric – Компанија за гас и електрична енергија била казнета стотици пати заради разни неправилности и се соочила со казни во вредност од речиси три милијарди долари! И што? Ништо, компанијата се уште работи. Според водителот на емисијата на HBO „Last Week Tonight“, Џон Оливер:

Кога PG&E би бил поединец, а не корпорација, до сега би бил во затвор. Тие го прекршиле законот, добиле условна казна, која ја прекршиле многу пати. Проблемот е што не можете да ставите корпорација во затвор.

Во нашата средина се познати многу случаи со увезување на штетни материи, нивно депонирање, горење, загадување на воздух, почви, реки, езера и слично. Во најдобар случај компаниите биле казнети десет(ици) илјадници евра и продолжиле со работа. Сметаме дека не се потребни извори, истите многу лесно ќе ги сретнете по медиумите.

Замислете вие да направите нешто со што ќе го загрозите јавното здравје и потоа да ве казнат десет(ици) илјади денари, си платите казна и никому ништо.

Живееме во пореметен смет, пардон свет!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *