Ефикасни натпревари во Европа, Азија и Јужна Америка за одличен тикет со квота од 45 (Фото)

Пет натпревари од три различни континенти се дел од Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.60, додека искомбинирани на еден тикет прават квота од 45.5.

Понудата ја отвора натпревар од првенството од Индија, кој воедно ја има и најголемата квота од сите во Квотите на денот, 2.60, која ќе биде добитна само ако во двете полувремиња има помеѓу еден и два гола.

Падова е фаворит во дуелот против Перголетесе и доколку успее да победи во меч на којшто ќе има барем еден погодок во првото полувреме, квотата од 1.95 ќе биде добитна.

Ефикасно се очекува да биде на дуелот од првенството на Чиле помеѓу Аудакс Италијано и Коквимбо. Квотата од 2.30 ќе биде добитна само ако двете екипи бидат ефикасни, но и ако има голови во двете полувремиња.

Следниот натпревар е од Еквадор, а се среќаваат екипите на ЛДУ Квито и Амбабура. Домашните се апсолутни фаворити, па ако имаат водство на полувремето, а на крајот победат во меч на којшто ќе има најмалку два гола, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.

Голови се очекуваат од екипата на Палмеирас во дуелот против Гремио, а доколку домашните погодат најмалку еднаш во првото и најмалку двапати на целиот натпревар, понудената квота од 1.95 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести