Ѕвездата на „Breaking Bad“: Сакав да организирам свое убиство

од Симе Стоиков

Џанкарло Еспосито, актерот од Breaking Bad, денес е познато име, но некогаш бил во толку лоша финансиска состојба што размислувал да ангажира некој да го убие за неговото семејство да ги добие парите од животното осигурување.

Актерот зборуваше за тоа како поминал низ два банкротa пред да ја добие легендарната улога на Густав Фринг во „Breaking Bad“.

„Излезот во мојата глава беше: „Еј, дали добиваш животно осигурување ако некој се самоубие? Мојата сопруга немаше поим зошто прашувам. Почнав да смислувам план. Ако најдов некој да ме убие, случајна смрт, моите деца ќе се осигураа. Имав четири деца. Сакав да имаат живот. Тоа беше тежок момент во животот. Буквално размислував за самоуништување за да преживеат. Толку ниско паднав“, изјави Еспосито за SiriusXM.

Тоа беше околу 2008 година, една година пред Еспосито да стане злобниот крал на дрога Густав Фринг и на тој начин целосно да ја промени својата среќа. Иако Еспосито работи од 1980-тите, луѓето го забележаа дури по неговата улога во популарната серија.

„Тоа беше првото навестување дека има излез, но јас немаше да бидам тука за да им бидам на располагање на моите деца. Тогаш почнав да мислам дека тоа не е одржливо бидејќи болката што ќе им ја предизвикам ќе биде доживотна и ќе има доживотна траума што само ќе ја продолжи траумата на генерациите од која се обидувам да се оттргнам. Светлината на крајот од тунелот беше Breaking Bad“, рече тој.

Подоцна Еспосито глумеше во неколку големи проекти, како што се Тhe Mandaloriana, The Boysa i The Gentlemena, , а ја повтори улогата на Густав Фринг во спин-оф серијата „Better Call Saul“.

Слични содржини