Шоу на Палмер со четири гола, хаварија на Евертон на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Кол Палмер е играчот кој му носи резултати на Челси оваа сезона. Англискиот репрезентативец вечерва постигна четири гола во победата на „сините“ над Евертон од 6-0 на „Стемфорд Бриџ“.

Палмер за само 16 минути, односно од 13 до 29 минута постигна три гола, и ја најави убедливата победа на својот тим, а во 44. минута Џексон погоди за убедливи 4-0 на полувремето. Палмер од пенал во 64. минута го комплетираше своето шоу со четири гола, а точка на мечот стави младиот Гилхрист во судиското надополнување.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...