Здравје и убавина
Намирници богати со антиоксиданси кои треба почесто да се најдат на нашето мени
Антиоксидансите се есенцијални соединенија кои помагаат во неутрализирање на слободните радикали во телото. Овие соединенија ги штитат клетките од оштетување и го намалуваат ризикот од хронични болести, а во организмот можат да се внесат и преку храната. Познато е дека одредени видови храна се богати со антиоксиданси, а овие пет видови на храна се сметаат за најдобри извори на антиоксиданси.
Бобинки
Бобинките, како што се јагоди, боровинки, малини и капини, се богати со антиоксиданси како флавоноиди, антоцијани и витамин Ц. Овие соединенија, кои се наоѓаат во бобинките, помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението.
Темно чоколадо
Темното чоколадо содржи флавоноиди кои имаат моќни антиоксидантни својства. Редовното консумирање темно чоколадо може да го подобри здравјето на срцето и да го намали ризикот од одредени болести.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се познати по многуте придобивки и се богати со антиоксиданси и витамин Е, особено со бадеми, ореви и ф’стаци. Вклучувањето на јаткастите плодови во исхраната може позитивно да влијае на здравјето на срцето и да заштити од оксидативен стрес.
Лиснат зеленчук
Зеленчукот како спанаќот, кељот и блитвата се одлични извори на антиоксиданси како витамин Ц, витамин Е и бета-каротин. Овие хранливи материи помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го намалуваат воспалението.
Домати
Доматите се богати со ликопен, моќен антиоксиданс кој е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања и одредени видови на рак. Доматите може да се јадат на повеќе начини, но готвењето домати ја зголемува биорасположивоста на ликопенот. Терминот биорасположивост значи количество на супстанција што стигнува во крвта на различни начини, вклучително и преку храната.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ