Македонија

Директорот на велешката болница забранил да се дава инфузии да се заштеди, а за операција на жолчка се бара мито?, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев јавно упати прашања до директорот на Општата билница во Велес, откако добил прашање дека имало забрана за давање на инфузии, со цел да се заштеди. Апасиев, меѓудругото, е родум од Велес.

„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди? И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава Болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 ЕУР “по тарифа”? Докторе Министре?“, прашува Апасиев.

За ова, се уште нема јавна реакција од Министерството за здравство или Општата болница-Велес.

To Top