Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ротен со порака до ѕвездите на ПСЖ: Кој чека, може и да не дочека

Објавено

на

Foto: instagram.com/jrothenofficiel

ПСЖ доживеа уште една елиминација во Лигата на шампионите и ќе мора да чека барем до следната сезона повторно да се обиде да го освои најпосакуваниот трофеј.

Килијан Мбапе и неговите соиграчи не успеаја да реализираат во двомечот со Борусија Дортмунд, па на крајот разочарани го напуштија својот стадион, а ваквиот епилог донесе многу критики за францускиот состав.

Жером Ротен често го критикува ПСЖ за своите настапи, а овојпат се концентрирал на изјавите од таборот на францускиот шампион, кои најчесто се поврзани со враќање во слична позиција наредната сезона и нов обид да се дојде до финалето и евентуално трофејот.

– Тие зборуваат за нова шанса, за почеток на нов проект.

– Но, момци, финалето беше тука, на еден чекор до вас, може веќе и да не се најдете во таква ситуација. Јас еднаш го видов финалето, ми велеа дека поразот не е страшен, ќе се вратиме повторно… Еве, уште чекам, – рекол Ротен.

Поранешниот француски репрезентативец стигна до финалето со Монако во сезоната 2003/04, но неговиот тим беше поразен од Порто со убедливи 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни