Стоилковиќ го навредил секретарот на СДСМ, го прашал дали сака да го напумпа

Од:

СДСМ најостро ги осудува шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организациоскиот секретар на СДСМ, Мартин Костовоски на Фејсбук, велат од СДСМ.

Пораката кон Мартин Костовоски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер.

Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претствниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши.

Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса?

Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Ова се сметките од гозбите на Кочоска и Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Власта удира по стандардот на народот, граѓани се жалат за огромните сметки за стуја

(ВИДЕО) Костовски: Убиство во Србија, дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

АА: Стоилковиќ да го признае Косово, геноцидот во Сребреница и да се огради од Путин и Вучиќ, пред гласањето на Владата

Мицкоски за реакциите за Стоиљковиќ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции