Македонија АПЕЛ ЗА ПОМОШ

ТУКА СМЕ ПОТРЕБНИ: Апел за помош за лекување на 8-годишната Елеонора Тодоровска

Елеонора Тодоровска има осум години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест што се јавува кај едно од 100.000 деца. За да се лекува потребни се над 20.000 евра, пари, кои нејзините родители не можат сами да ги обезбедат. Затоа тие бараат помош од хумани луѓе со донација преку телефонските броеви – 143-119 (Телеком) и 143-482 (А1) како и на сметка во Тутунска банка на име „Елеонора Тодоровска” сметка за донација – 52646 – MK07210501730191280 NMK22.

ТУКА СМЕ ПОТРЕБНИ: Апел за помош за лекување на 8-годишната Елеонора Тодоровска

Елеонора Тодоровска има осум години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест што се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве пет години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни.

Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница „ЛИВ хоспитал“ очекуваат подобрување на состојбата на Елеонора и препорачуваат што поскоро да се направи уште еден третман со матични клетки.

Поради ова потребно е да се соберат над 20.000 евра за трансплантација на матични клетки, но и средства потребни за авионски карти, хотелско сместување, физикална терапија, дополнителни дијагностички анализи.

Дополнителните медикаменти кој што ќе ѝ ги препишат на Елеонора од болницата се дополнителен трошок кој нејзините родители не можат сами да ги обезбедат. Затоа тие бараат помош од хумани луѓе со донација преку телефонските броеви – 143-119 (Телеком) и 143-482 (А1) како и на сметка во Тутунска банка на име „Елеонора Тодоровска” сметка за донација – 52646 – MK07210501730191280 NMK22.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top