Нови обвиненија против синот на Бајден

Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори.

Бајден беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда.

Хантер Бајден е обвинет за вкупно девет точки – три даночни престапи и шест даночни прекршувања. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со максимална казна од 17 години затвор.

Станува збор за даночно затајување, неплаќање даноци и поднесување лажни даночни пријави во периодот од 2016 до 2019 година.

Во октомври, Хантер Бајден се изјасни за невин по обвиненијата дека лажел дека не користел дрога додека купувал пиштол.

За првпат во САД е обвинет син или ќерка на актуелен претседател.

Total
0
Shares
Поврзани објави