ЗГАСНУВА БИЗНИСОТ: Престанаа да се испраќаат писма, а компанија која работи повеќе од 60 години ги прекина летовите

Дојче пост од денеска ги прекина летовите за доставување писма, по повеќе од 62 години, со цел да ги намали трошоците.

Последниот авион со пошта во Германија полета рано утринава од Берлин за Штутгарт, а малку пред тоа започна испораката и од Хановер, Минхен и Штутгарт.

На споменатите летови се транспортирани вкупно 1,5 милиони писма со тежина од 53 тони.

Германската пошта со децении се потпираше на летовите, бидејќи според законот требаше да испорача најмалку 80 отсто од поштата следниот работен ден, додека владејачката коалиција, предводена од канцеларот Олаф Шолц, не го смени Законот за пошти и ги продолжи роковите за испорака, пренесува Индекс.хр. .

Писмоните првпат полетаа во септември 1961 година, а врвот на сообраќајот беше во 1996 година, кога во 45 ноќни летови беа транспортирани во просек по 430 тони писма.

Можеби ќе ве интересира...

„Апокалипсата“ доаѓа – елиминација на милиони работни места

BiznisPRO

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година

BiznisPRO

Откриена најголемата измама во кинеската историја

BiznisPRO