Утрински Весник
Македонија

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ
Ss2

На петтиот Конгрес на Зелената партија – ДОМ, кој се одржа денеска во „Александар палас“ во Скопје, за претседател на партијата повторно и едногласно е избрана досегашната лидерка, Маја Морачанин.

dobivaj vesti na viber

Од партијата соопштија дека заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласи дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања.

300x250 (7)

Политиката на Зелената партија – ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија, подвлече, Морачанин.

Делегатите на Конгресот (309), исто така, едногласно го избраа и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а беа усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година, се вели во соопштението.

Пред делегатите и многубројните гости од другите партии, пратеници и претставници од Владата, на почетокот на петтиот Конгрес на ДОМ, се презентираа и поздравни говори на претставници на Европските зелени од повеќе земји-членки на ЕУ, како и на зелени партии од земјите во регионот.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: За седум години, владата на СДСМ во армијата вложи повеќе од една милијарда евра, а ДПМНЕ крадеа и изградија Бела палата

Митрески: Македонскиот јазик и македонскиот идентитет дел од ЕУ е остварување на сонот на илинденците, на партизаните, на револуционерите

Маричиќ од Крушево: СДСМ е партија на храбри демократи со големо срце за Македонија