Македонија

Чуда се невозможни, ние не сме чудотворци за да правиме чуда – секој што ветува, манипулира, порача Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кажа дека нема и не ветуваат чуда со економијата, но уверува дека ќе има развој на Македонија. Целта на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде спречување на иселувањето поради разочарување, но и враќање на иселените во Македонија.

„Чуда се невозможни, ние не сме чудотворци за да правиме чуда. Секој што ветува, манипулира. Сакаме да дадеме надеж на надежта која се темели на остварливи работи, а не која се темели на лага која брзо се распрскува и доаѓа до разочарување, па резултира со иселување на граѓаните. Од тие причини имаме внимателен пристап. Цениме дека како идна Влада, со ваков пристап, со одлуча борба против криминалот и корупцијата, со применливи и остварливи мерки на економијата, со обезбедување на основни услови за да можат нашите граѓани да веруваат во системот – ќе го оствариме она што го предвидовме, а тоа е Македонија да има динамичен раст, а со тоа ќе ја вратиме и довербата на граѓаните, а зошто и да не ги вратиме назад тие кои се разочараа и заминаа“, порача Мицкоски.

Тој ја искритикува актуелната Влада.

„Пропустите ќе бидат дел од ревизијата на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Работењето на УЈП, ФИТР каде се потрошија милиони евра..“, додаде Мицкоски.

To Top