Колапс на авионскиот сообраќај во Европа: Oткажани повеќе од 90 летови поради силното невреме

Компанијата KLM потврди дека се откажани повеќе од 90 летови

Аеродромот Шипхол најави доцнења и откажувања на летови поради моменталните временски услови, а се очекува оваа бројка во текот на денот да се зголеми.

Аеродромот ги известил патниците да се подготват за доцнења и откажувања на летови поради моменталните временски услови. Патниците се советуваат да го проверуваат статусот на своите летови на интернет или директно да се обратат до своите авиокомпании. Компанијата KLM потврди дека се откажани повеќе од 90 летови.

Операторот на железничката инфраструктура изјави дека невремето предизвикало проблеми и на железничката мрежа и биле пријавени пречки поради паднати дрва. Невремето не влијаело само на воздушниот сообраќај, туку и на патниот и железничкиот сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни