ВИДЕО| Енди Мареј се враќа на терените и не оди на операција

Британскиот тенисер Енди Мареј на социјалните мрежи сподели видео од него како тренира и во исто време објави дека нема да оди на операција на повредениот зглоб.

Последниот АТП турнир на кој играше Мареј беше Мастерс 1000 турнирот во Мајами каде по маратонски меч беше поразен од Чехот Томаш Мачач со 5-7, 7-5, 7-6(5). На крајот од тој меч, Мареј ги повреди лигаментите на левиот скочен зглоб, а постоеше опција за операција.

Мареј изјави дека деновиве ја соблекол заштитната чизма, ја отфрлил можноста да оди на операција и дека почнува да тренира за во одреден момент да се врати на тениските терени. Сѐ уште не се знае кога тоа ќе се случи, а претходно Мареј потенцираше дека сака да настапи на Ролан Гарос и особено на Олимписките игри во Париз, како и на Вимблдон.

Во моментов 36-годишниот Мареј е на 56-то место на АТП-листата, а претходно објави дека нема намера да игра премногу турнири по ова лето. Мареј во својата кариера беше тенисер број еден во светот, како и освојувач на три грен-слем титули. Победи на Вимблдон во 2013 и 2016 година и на УС Опен во 2012 година.

Мареј, исто така, освои два олимписки златни индивидуални медала, на трева во Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година.