Виктор Вембањама е најдобар новајлија во НБА лигата

Едногласно, со максимални пет поени од сите 99 новинари со право на глас, кошаркарската сензација Виктор Вембањама е прогласен за  најдобар новајлија на годината во НБА лигата.

Французинот со тоа стана третиот кошаркар на Сан Антонио Спурс кој го добил ова ласкаво признание по неговата прва сезона во лигата. Претходните два значеа и шампионски титули подоцна во имињата на Дејвид Робинсон и Тим Данкан.

Вембањама стана само шестиот играч кој едногласно е избран за најдобар „дебитант“ од доделувањето на наградата. Претходно тоа беше случај со Ралф Сампсон, Дејвид Робинсон, Блејк Грифин, Демијан Лилард и Карл-Ентони Таунс.

Се вчитува...