Top Sport

Први продолженија во Катар – Хрватска и Јапонија ќе играат 120 минути

Првпат на Светското првенство во Катар, учесникот во четврт-финалето ќе се одредува во продолженија, откако Јапонија и Хрватска имаа по едно подобро полувреме, за на крајот да одиграат 1:1 по 90 минути.

Јапонците, кои на Мундијалот веќе ги победија Германците и Шпанците, беа поконкретни во првото полувреме, и тоа го искористија во 43. минута, кога Даизен Маеда ја искористи конфузијата во хрватската одбрана за да донесе водство за „самураите“. Второто полувреме започна во знак на „коцкестите“, откако во 54. минута, Дејан Ловрен одлично му асистираше, а Иван Перишиќ постигна фантастичен гол со глава за израмнување.

Набргу потоа, Лука Модриќ имаше фантастичен удар, кој со одлична реакција го одбрани голманот Шуичи Гонда, но потоа Јапонците полека ја вратија рамнотежата и на крајот беше јасно дека битката ќе продолжи и по 90-те минути.

Scroll to Top